Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Разногласие за електронската настава, и покрај обуките на наставниците

/

пред 2223 дена

Сподели преку :

Најголемото штипско основно училиште „Ванчо Прќе самоиницијативно, со помош на експертите од Универзитетот „Гоце Делчев“ прави Мајкрософт платформа, која со стартот на новата учебна година на наставниците од одделенска и од предметна настава ќе им овозможи држење на  он лајн часови во кабинетите на самото училиштето. Обуките за наставниот  кадар стартуваат деновиве.

Во ова училиште, каде што има 1.200 ученици, предметната настава  и  од четврто до петто одделение ќе се одвива он лајн, додека од прво до трето ќе се организира во училниците, но паралелките ќе бидат поделени во две групи. Различни се ставовите на родителите  Сите училишта ги задоволуваат условите за ваков вид на настава. Училиштата самоиницијативно направиле анкети. Во училиштето Гоце Делчев 94 проценти од родителите бараат настава во училиштото од прво до трето, а за предметна тој процент е 70 проценти.

Училиштата ќе бараат наставата со физичко присуство на учениците да се одвива во руралните средини, но и за учениците со посебни потреби од прво до деветто одделение. Во моментов најголем предизвик со електронската настава имаат повозрасните наставници, кои потешко се прилагодуваат на новиот начин на едукација.

Викторија Јованова