Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Расте бројот на починати од ковид во Битола

/

пред 2147 дена

Сподели преку :

Тројца пациенти починаа изминатото деноноќие на Инфективното оддделние во битолската Клиничка болница   од последици предизвикани од КОВИД-19. Тие се на возраст од 68, 69 и 71 години и сите се од Битола. Со ова вкупниот  број  на починати битолчани  се искачи на 54 лица.

Од почетокот на паднемијата до крајот на октомври во Битола имаше 22 починати. За само 15 дена битката со вирусот ја изгубиле 32 битолчани,  најмладиот на  44 години, највозрасниот 88.

Бројот на заразени достигна до 1344, дневно се регистирраат по педесетина новозаболени, а активни се 700 случаи, со што Битола заедно со Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, е  на врвот од листата на заразени со КОВИД-19.

Во Регионалниот КОВИД центар во битолската Болница, денеска има вкупно 77 хоспитализирани, сите се со потешка клиничка слика.