Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ревизорите не се убедени во вистинитоста на податоците што им ги дал ПИОМ

/

пред 1677 дена

Сподели преку :

Зголемените приходи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на социјални бенефиции за 2020 година, кои се одвојуваат од Буџетот на државата и учествуваат со 38,4 отсто во вкупните приходи во Фондот за ПИО.

Ова го посочува Државниот завод за ревизија (ДЗР) во конечниот ревизорски извештај на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување што го објави денеска.

Во извештајот ревизорите изразија мислење со резерва во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиската состојба и резултатите од  финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики за 2020 година.

Третина од пензиите се исплаќаат од државниот буџет, Пензискиот фонд и натаму е во минус кој расте поради короната

Констатираат слабости во системот на интерни контроли во процесот на остварување на права од ПИО и исплата на пензиските примања, отсуство на целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените поради што, според нив, не секогаш е обезбедено потврдување на внесените податоци и точност и навременост во постапката. Тоа, како што посочуваат во извештајот, придонесува за зголемување на ризикот од неправилности во постапката за признавање на правата од ПИО, како и ризик од исплата на пензија и по истекот на законски утврденото право.

Констатиран е и недостиг на стручен и обучен кадар за актуарство, слабости во чување и архивирање на податоците во матичната евиденција, нераспоредени средства на уплатната сметка од наплата придонес за ПИО, недоволни механизми за присилна наплата на утврдените штети поради неоснована исплата на пензии, евидентирани објекти за кои не постои веродостоен документ, нерасчистени имотно правни односи, неизвршено излагање на објектите и упис во катастар на недвижности.