Два земјотреса се регистрирани синоќа во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 100 километри јужно од Скопје.
Првиот земјотрес бил во 21 часот и 7 минути и 2,5 рихтерови степени, а вториот 20-тина минути подоцна со јачина од 2.6. рихтерови степени, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресите беа почувствувани од населението во Охрид, Струга, Ресен и околината.











