Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руската војска го оцени како успешен првиот ден од воените дејствија во Украина

/

пред 1683 дена

Сподели преку :

Русија соопшти дека нејзината војска ги постигнала целите поставени за првиот ден од инвазијата врз Украина, откако го започна нападот и покрај предупредувањата за опсежни западни санкции.

Сите задачи што им беа доделени на вооружените сили на Руската Федерација за овој ден беа успешно завршени. Од почетокот на специјалната операција, руските вооружени сили онеспособија 83 украински копнени воени инфраструктурни објекти, уништија четири авиони и едно беспилотно летало. Вкупно, како резултат на ударите на руските вооружени сили, онеспособени се 83 копнени објекти на воената инфраструктура на Украина. Од почетокот на специјалната воена операција, беа соборени два Су-27, два Су-24, еден хеликоптер и четири јуришни беспилотни летала Bayraktar TB-2 на Вооружените сили на Украина, рече портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков.