Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рускиот претседател ќе ја признае независноста на сепаратистичките региони во Украина

/

пред 1686 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател, Владимир Путин, се обраќа вечерва до нацијата во кое ќе потврди дека донел одлука за признавање на независноста на ткн народни републики во Доњецк и Луганск, кои од 2014-тата година се под контрола на про-руските сепаратисти, потврди официјален Кремљ.

Според информациите, Путин претходно разговарал телефонски со лидерите на Франција и Германија, клучните посредници во спорот меѓу Украина и Русија, на кои им потврдил дека ќе потпише декрет за признавање на сепаратистите.

Ваквата одлука на Путин би му овозможила да отворено испрати руски воени единици во Источна Украина, каде веќе се во тек повремени судири меѓу украинските сили и проруските сепаратисти.

Рускиот претседател веќе беше предупреден дека доколку ги признае двете самопроглаасени републики во источна Украина, Европската унија најверојатно ќе воведе санкции против Русија.