Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД ги брои жртвите од силното торнадо во Кентаки

/

пред 1756 дена

Сподели преку :

Бројот на жртвите под налетот на силните торнада во САД се искачи 94 жртви, од кои 80 се само во Кентаки. Екипите за спасување трагаат по преживеани под урнатата фабрика за свеќи во Мејфилд.

Претседателот Џо Бајден оваа елементарна непогода несвојствена за овој период од годината ја нарече трагедија и вети поддршка за погодените држави.

Во спасувачката акција се вклучени и 300 членови на Националната гарда, кои одат од врата до врата да му помогнат на локалното население.

Најдолгото торнадо кое ги погоди САД беше бурата долга 352 километри во Мисури во март 1925 година, кога загинаа 695 луѓе. Вакви елементарни непогоди се исклучителна реткост во зимските месеци.