Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД убедени дека Македонија и Бугарија ќе најдат заедничко решение

/

пред 1720 дена

Сподели преку :

САД силно го поддржуваат пристапувањето на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија и веруваат дека тоа ќе биде од корист за сите земји во регионот. Ова се наведува во соопштението на портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, дистрибуирано од Амбасадата на САД во Бугарија.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден не размислува за санкции против бугарската Влада и е убедена дека владите на Северна Македонија и Бугарија започнале конструктивен дијалог кој ќе помогне навремено да се решат нивните разлики.

– Го цениме силниот интерес на американскиот Конгрес за ова прашање и ќе продолжиме да одржуваме тесна координација со Конгресот за ова прашање, се вели во соопштението на Прајс објавено од американската мисија во Бугарија.