Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Светот со осуда за нападот на Украина

/

пред 1683 дена

Сподели преку :

Осуди за потезите на рускиот претседател Владимир Путин доаѓаат и од политичките лидери од Западен Балкан.

Претседателот Пендаровски со порака дека ваквиот чин неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета.

Како НАТО членка, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина. Во име на граѓаните на Северна Македонија, изразувам солидарност со украинскиот народ во овие тешки времиња, се наведува во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.  Денешната одлука на Кремљ за воени дејствија на руските воени сили не се ништо помалку од акт на агресија и почеток на војна против Украина, акти кои ги осудуваме на најсилен можен начин, напиша на Твитер министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во овие тешки времиња ние сме со Украина, се додава во објавата на шефот на македонската дипломатија.

За денеска во 14 часот претседателот свика седница на Советот за безбедност на која, ќе се дискутира за руската агресија врз Украина.