Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Северна Кореја изврши уште две тестирања на ракетен систем

/

пред 1711 дена

Сподели преку :

Северна Кореја тестираше ракетен систем со долг дострел и конвенционални боеви глави на тактички водени ракети, соопшти севернокорејската државна агенција (КЦНА), пренесе Ројтерс.

Во вторникот беше тестиран подобрен ракетен систем со долг дострел, а во четвртокот беше одржан уште еден тест за да се потврди моќта на конвенционална боева глава со тактичко наведување, соопшти агенцијата.

Во исто време, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун посети фабрика за муниција која произведува „голем систем за оружје“.

Во таа прилика Ким ја пофали фабриката, која има „многу важна позиција и должност“ во модернизацијата на воените сили на Северна Кореја и спроведувањето на развојот на националната одбранбена стратегија.

Извештаите дојдоа еден ден откако началникот на Генералштабот на Јужна Кореја објави лансирање на две балистички ракети со краток дострел, што предизвика осуда од САД за нивниот шести тест во јануари.

Началникот на здружениот Генералштаб, исто така, рече дека Северна Кореја истрелала два проектила во морето од нејзиниот источен брег во вторникот.

Северна Кореја овој месец соопшти дека ќе ја засили својата одбрана од Соединетите американски држави и ќе размисли за продолжување на „сите суспендирани активности“, кои наводно се однесуваат на самонаметнат мораториум на нуклеарно оружје и ракетни тестови со долг дострел.