Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се чекаат епидемиолошките анкети за ковид позитивните ученици

/

пред 1856 дена

Сподели преку :

Во текот на денот се очекува да се знаат податоците од епидемиолошките анкети и податоците за позитивни ученици и нивните контакти, откако во медиумите се појавија информации за ковид позитивни ученици во училиштата низ земјава.

Државниот инспекторат нема издадено ниту едно решение за контакт со позитивен ученик, потврдуваат од инспекторатот за Телма.

Од министерството за образование воопшто не даваат информации дали има пријавено заразени ученици во училиштата.

По пауза од година и пол, почна наставата со физичко присуство и во основните и во средните училишта, освен во Тетово и Гостивар, каде првите две недели средношколците ќе учат он лајн, поради големиот број заразени во овие градови.

Министерството за образование подготви три сценарија за оваа учебна година, кои ќе зависат од епидемиолошката состојба. Освен настава со физичко присуство, вториот модел е комбинирана настава, и третиот он лајн настава.