Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се шири текстилниот кластер на истокот

/

пред 2261 дена

Сподели преку :

Корона вирусот се шири во нови штипски конфекции. Последните три дена се појавиле по  еден или два случаи во шест нови конфекции, а зарзените се јавуваат веќе со симптоми за да им се земат брисеви. Штип и денеска во здравствениот билтен се очекува да се појави со двоцифрен број на позитивни на Ковид-19. Но и во соседно Свети Николе состојбата со вирусот е загрижувачка. Општинскиот кризен штаб бара отварање на пункт за земање на брисеви во Здравствениот дом, со цел оние кои се сомнителни случаи да не патуваат во Велес.

Кризниот штаб на најбрзо растечката општина со коронавирусот бара од Владата и возило за болните, кои од своите домови во Свети Николе мора да се хоспитализираат до ковод центрите во Штип и Велес. На инфективното одделение денеска се лекуваат 46 пациенти, а во извештајот кој го праќа Клиничка болница евидентиран е и еден штипјанец, кој починал, но какошто велат оттаму бил негативен на коронавирусот, но на пред една недела е донесен од Домот за стари лица во Радовиш.

 

Викторија Јованова