Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СЗО: Пандемијата создаде планина од медицински отпад

/

пред 1706 дена

Сподели преку :

Над 200.000 тони медицински отпад, од што голем дел пластичен, се акумулираше ширум светот како резултат на пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Според проценките милијардите вакцини создале најмалку 144.000 тони искористени игли, шприцови и контејнери за собирање.

Заштитните маски за приватна употреба не се вклучени во проценките. Организацијата повика на стратегии за заштита на луѓето и животната средина од лошо отстранетите заштитни облеки, ракавиците, комплети за тестирање и прибор за вакцинација. Предлагаат истите да се рециклираат и да се употребат за други намени.