Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скалестото зголемување на платите ги судри Владата и дел од синдикатите

/

пред 1670 дена

Сподели преку :

Владата и дел од синдикатите на администрација со дијаметрално спротиставени ставови околу најавеното скалеско покачување на платите на административците.

На денешниот состанок на Економско социјалниот совет без договор или план кога би почнало покачувањето на платите и како би се извело тоа.

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) најави дека доколку нема покачување на платите излегува на протест а се размислува и генерален штрајк.

Оттаму обвинуват дека Владата ја манипулира јавноста и административците со лажни најави за поголеми приходи  и ги игнорира синдикатите.

Според нив единствено решение е Владата да ја покачи вредоста на бодот на сто денари.

СОНК ќе го поддржи протестот но нема да учествува на него а во моментот се размислува за генерален штрајк во образованието на почетокот на идниот месец.

Ставот на Владата е пак дека има нивелирање на платите и дека ниту еден адмиистративец нема да добие плата пониска од минималните 18 илјади. Вицепермиерот Битиќи соопшти дека државата минува низ економско-енергетска криза и затоа не може да се дојде до брзо решение.

Дијалогот со незадоволните синдикати ќе продолжи на повеќе нивоа.

На вчерашната седница на Владата поминаа измените на законот кои ги опфаќаат административците со ниски примања и со кои се изедначуваат со минималната плата од 18 илјади во приватниот сектор.

Огнен Чанчаревиќ