Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Социјалната мрежа на Трамп ќе биде пуште во употреба од февруари

/

пред 1731 дена

Сподели преку :

оцијалната мрежа на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе почне да функционира на 21 февруари. Медиумот се нарекува TRUTH Social и се раководи од Trump Media & Technology Group.

Тоа е извесна алтернатива на Фејсбук, Твитер и Јутјуб, кои го блокираа Трамп затоа што ги поттикна своите поддржувачи на насилство пред упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година, јавија американските медиуми. Ќе работи на принципот на микроблогирање, корисниците ќе можат да следат други корисници, да поставуваат објави и да додаваат фотографии, линкови до видеа и статии.

Креаторите на платформата уверуваат дека социјалната мрежа ќе се стреми да биде платформа за што поголем опсег на мислења. Мрежата почнува со работа кога САД го слават Денот на претседателот (третиот понеделник во февруари).