Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со прифатени амандмани на опозицијата и долги расправии, Советот на Град Скопје го усвои Буџетот за 2022 година

/

пред 1739 дена

Сподели преку :

Седум милијарди денари вклучувајќи го и делот од вишокот на приходи остварен во минати години, во износ од 742 милиони денари, е вкупниот Буџет на Град Скопје за 2022 година кој синоќа го изгласа Советот на градот.

Седницата на која преовладуваа обвинувањата кон претходното раководство на Градот на чело со поранешниот градоначалник Петре Шилегов, траеше со часови, а претседателот на Советот Трајко Славески, ја нарече конструктивна,  во која имаше многу локална политика и расправии помеѓу советниците од СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ.

Советот на Град Скопје прифати 20-тина амандмани и од опозицијата и од советниците кои се во мнозинство, а Буџетот на Град Скопје за 2022 година се намалува за 8,7 отсто во споредба со претходната година.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски рече дека ова е како да се носи Буџет по војна, во кој треба да се санираат штетите од претходно.

– До овој миг требаше да има „зиплајн“, тунели под Кале, кружен тек кај Сарај и многу други најавени проекти, но нема. Затоа е таа агресија од опозицијата – рече Андоновски.

Мартин Попов од СДСМ влезе во вербален дуел со градоначалничката Данела Арсовска на која и реплицираше  дека долгот од 50 милиони евра претходната градска власт го наследила од градоначалникот Коце Трајановски и дека тој е пренесен на сегашното градско раководство.