Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Старите селски куќи во близина на границата со Грција претрпеа најголеми штети од земјотресот

/

пред 1722 дена

Сподели преку :

Најпрво се слушна силна бучава, ечеше планината, а потоа дојде потресот, како да ги корнеше куќите од темели. Вака раскажуваат жителите на потпелистерските погранични села, кои најмногу го почувствуваа  земјотресот на 9 јануари, со магнитуда од 5,6 степени, најсилен  во последните 100 години  во битолскиот регион.  Старите селски куќи, градени од камен , претрпеа најмногу штети, па сега сите стравуваат да влезат дома, посебно на горните катови.

-Овој ѕидот ми се чинеше надолу слегува, многу страшно, ми е страв дома да влезам со детето. Горе цела куќа е падната, вели Менка Николовска жител на Велушина.

-Уште еднаш ако задрма ќе падни целиот ѕид, вели Живко Стојковски, жител на Велушина

-Овде се куќите претежно на спрат, горните спратови сите се испукани, не само малтерот, туку се  распаѓаат ѕидовите, изјави Раде Митковски, жител на Велушина

Месното население и од овие села  веќе ги пријавува штетите од земјотресот.

-Пријавивме во општината, сликавме и однесовме слики. Ни рекоа дека после 26 јануари ќе дојде комисијата да види, рече Ветон Џиковски – жител на Велушина

Штетите се пријавуваат, не можат сите да ги пријават, некои не се сопственици, се водат на кој знае кој, стари се прастар, вели Раде Митковски – жител на Велушина

Земјотресот  сепак најголеми штети предизвика на манастирот свети Ѓорѓи над  село Велушина, сместен на речиси 900 метри надморска височина и стар два века. Жителите апелеираат што посокоро да се интервенира затоа што може  целосно да се распадне.

-Штети има огромни во цркавта, иконостатост, фрески, икони оштетиени. Оштетена е и камбанаријата, не може да се бие. Паднат е западнат ѕид на конаците, прашање е кога чатијата ќе падне од овие потреси, вели Стево Петров, домаќин на манастирот Св Ѓорѓи во Велушина

Епицентарот на земјотресот е во близина на граничната линија, во соседна Грција, на само неколку километри од овие села.  Некои од мештаните  со подготвени торби се спремни за бегање ако повторно тресе.

Емилија Мисирлиевски