Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Стоп за грабеж“ – Враќање на извршителите во судот и ветинг на судиите

/

пред 2247 дена

Сподели преку :

За некого само новинарски извештај во весник, за Иванов причина да дојде на денешениот протест  „Стоп за грабеж“ и по повеќе од една деценија  откако го тогнала веста и да бара правична држава.

 Денеска точно напладне пред Министерство за правда се собраа луѓе од здружението „Стоп за Грабеж“ . Протестот започна во 12:05, симболиката на времето е дека е веќе предоцна за промени, но промени мора да има.  Пред министерството уште еднаш побараа  извршителите да се вратат во судот.  На тој начин, велат, судењата и судските процеси  ќе бидат поправични,  и правдата ќе биде задоволена. Појаснија дека секој ден се јавуваат луѓе кои се заглавени од долгови, до триесет пати поголеми, од сумата која ја должат  и треба да и платат.

Тие бараат и ветинг на судиите и з  измена на Законот за судии и обвинители  Горан Новаковски од здружението, пак, изјави дека пријавил 213 судии.

До ваквот револт дојде откако по 4 месечна пауза  поради короната, извршителите повторно се вратија на раабота и ќе ивршуваат од сите граѓани и фирми кои биле блокирани пред 1 април. Конвојот автомобили со пароли од Минисертсвото за правда продолжи кон Собанието , а крајна дестинација на маршот беа судовите.

Теодора Цветковска