Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Температурните разлики опасни за земјоделските култури

/

пред 2247 дена

Сподели преку :

Повеќедневните врнежи се добредојдени за посевите во струмичко. Агрономите велат дека ваквите врнежи во регионот, со околу 60 литри на метар кубен се полезни за почвата, а не се преобилни за да предизвикаат гниење или уништување на родот. Особено ќе користат за културите на отворено.

Врнежите се добри и за повеќегодишните насади: овошките и лозјето.

Сепак, проблеми можат да настанат поради големата разлика што се појавува помеѓу дневните и ноќните температури.

Поради непредвидливите временски услови и климатските промени, се помалку земјоделски култури се одгледуваат на отворено. Инвестирањето во заштитни мрежи и пластеници е една од нужните вложувања во современото земјоделство.

Сузана Мицева