Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тешка сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип, а сообраќајот е во прекин

/

пред 1697 дена

Сподели преку :

Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш на дваесеттиот километар. Според првичните информации несреќата е со жртва.

 

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова ја потврдува информацијата и вели дека станува збор за возач на едно од возилата, кои учествувале во несреќата.

Според информациите од терен дошло до судир меѓу возило со радовишки регистерски таблички и скопско товарно возило, кои се движеле во спротивен правец. Во несреќата најверојатно има и повредени лица.

Во тек е увидот, а несреќата во Полициска станица-Штип е пријавено во 14.39 часот.

 

 

Експресниот пат Штип-Радовиш во моментов е затворен за сообраќај, а возилата се движат по стариот регионален пат. Повеќе информации се очекуваат за неколку часа.