Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Топ Тема 14.12.2021

/

пред 1754 дена

Сподели преку :

Ако ги ставивте ќумбињата во подрум, и фативте од она малку субвенции за инвертор – клими, веројатно задоцнето сега повторно размислувате за нивно враќање, откако дел заради глобалната енергетска криза, а многу повеќе заради домашниот јавашлук –прашање е само за колку проценти ќе ви зацрвенеат бројките од сметките за струја… А ова е само еден намерно  издвоен пример, кој најдобро отсликува зошто сме на дереџе до  кое дојдовме: по јагма за струја, без доволно јаглен, со празни акумулации.

Едно е јасно – властите уверуваат дека ќе направат се, до најцрното сценарио на згаснати светилки да не дојде, но цехот за промашените енергетски политки на крајот повторно ќе го платат граѓаните. Без оглед колку регулаторите ќе кратат, ќе ги развлекуваат критериумите од формулата за пресметка на крајната цена за домаќинствата и дел од малите потрошувачи. За колку ќе ни се стемни од пост- новогодишните сметки за струја во Топ Тема открива Марко Бислимовски, директор на РКЕ.