Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп без докази тврди дека е измамен, не ги признава изборните резултати

/

пред 2158 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп одбива да ги признае изборните резултати, и во обраќањето до јавноста рече дека е измамен, посебно со гласовите кои пристигнаа по пошта, и се уште се бројат. Ги обвини Демократите дека ги украле изборите, посебно преку гласачките ливчиња кои беа испратени преку пошта, заради пандемијата.

Не е важно кој ќе победи, јас или Џо, но не смееме да дозволиме оваа измама да и се случи на нашата земја, и затоа ќе мора судиите да решаваат, рече Трамп кој не дозволи на крај поставување на новинарски прашања.

Трамп е патетичен, и ова е срам за демократијата, беа реакциите веднаш по обраќањето на Трамп. Кога победува, тогаш тоа е во ред, но кога не – тогаш обвинува за измама, и сака да ја  повлече земјата заедно со него, велат тие. Знае дека губи и тврди дека има измама насекаде, освен на местата каде победува. Трамп се обидува да не натера да веруваме дека сето ова е една голема завера против него. Бара да прекине броењето на гласовите по пошта, бидејќи самиот тој ги повика поддржувачите да не гласаат по пошта, и знае дека овие гласови се во полза на неговиот ривал Демократот Џо Бајден, објаснуваат аналитичарите.

Бајден пак претходно повика на трпение, и побара сите гласачки ливчиња да бидат преброени.