Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors
ФОТО АФП

Украинските власти поделиле 18.000 огнени оружја на доброволци во Киев

/

пред 1682 дена

Сподели преку :

Додека руските сили напредуваат кон украинската престолнина, украинските власти го повикаа населението да нарави сè што може и да им се спротивстави на окупаторите.

Министерствата за одбрана и внатрешни работи апелираа до жителите на Киев да ги информираат за движењето на непријателските сили, да направат молотови коктели и да го неутрализираат непријателот.

Инструкции како да се направи молотов коктел беа објавени на социјалните медиуми од страна на Министерството за внатрешни работи.

Министерот Вадим Денисенко изјави дека „18.000 автоматски пушки биле распределени на волонтери во Киев, и на сите кои сакаат да ја бранат нашата престолнина со оружје во рака.“

Украинска воена опрема влегува во Киев за да го брани. Ги замолувам сите жители на Киев, ве молам, немојте да ги снимате, не снимајте го нивното движење. Ова е неопходно за да се заштити градот, порача Денисенко.