Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УНХЦР: За 48 часа над 50 илјади украински бегалци ја напуштија земјата

/

пред 1682 дена

Сподели преку :

Повеќе од 50.000 украински бегалци ја напуштија земјата за помалку од 48 часа, изјави високиот комесар за бегалци при ОН, Филипо Гранди, додавајќи дека повеќето отишле во Полска и Молдавија, пренесува Си-Ен-Ен.

Повеќе од 50.000 украински бегалци ја напуштија земјата за помалку од 48 часа, повеќето од нив во Полска и Молдавија, а многумина се движат кон границите. Од срце им благодарам на владите и народите на земјите кои ги отворија границите и ги пречекуваат бегалцитe, напиша Гранди на Твитер.

Агенцијата на ОН за бегалци претходно процени дека десетици илјади луѓе ќе бидат раселени поради рускиот напад на Украина. Агенцијата на ОН информира дека ќе ги зајакне операциите и капацитетите во Украина и соседните земји.