Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УО на Здружението на судии усвоил стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите

/

пред 1697 дена

Сподели преку :

Управниот одбор на Здружението на судии на Република Северна Македонија на денешната седница усвоил Стратегија за подобрување на материјалниот статус на судиите 2022-2024 година.

На седницата, како што е наведено во соопштението од Здружението на судиите, се расправало и за моменталната состојба за материјалниот статус на судиите и досега преземените активности, и притоа било заклучено дека договорните активности со Владата на РСМ низ долгогодишниот дијалог, а во насока на подобрување на материјалниот статус на судиите не се реализирани во целост од страна на Владата.

-Согледувајќи ја моменталната состојба во однос на трошоците на живот како и фактот дека суштински договорените активности со Владата на РСМ не се реализирани во однос на буџетирањето и платите на судиите, на денешната седница Управниот одбор формираше Работна група која ќе изготви нови барања кон надлежните институции со конкретни рокови за реализација. Во спротивно, согласно консултациите со членството, Здружение на судиите на Република Северна Македонија, ќе преземе други мерки за остварување на своите цели, се посочува во соопштението од ЗСРСМ.