Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Управниот суд ќе одлучува за верификацијата на мандатите на пратениците

/

пред 2217 дена

Сподели преку :

Управниот суд ќе треба да се изјасни, дали мандатите на осумтемина пратеници кои седнаа во пратеничките клупи откако нивните претходници станаа министри,  се верификувани на законски начин, според собранискиот деловник.  Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужби во Управниот суд, за начинот на кој се изврши нивниот избор. Велат дека, целата постапка е погрешна, нелигитимна и нелегална, затоа што мандатите се верификувани преку предлог на Комисијата за верификациони работи која се формира и функционира само за првата конститутивна седница. Во Деловникот за работа на Собранието, член 17 стои дека, оваа постапка оди преку Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања.

Од СДСМ велат дека, верификацијата на мандатите е чиста како солза и дека вакви ситуации имало и за  време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ.

За начинот на верификација на мандатите од ВМРО ДПМНЕ и од Левица реагираа и на самата седница, по што ја напуштија работата на Собранието. Мандатите на новите пратеници беа верификувани до доцна во ноќта, откако за секого се свикуваа посебни седници.

Далиборка Демјанска Цветановска