Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уставен формираше три предмети по иницијативи кои ги спорат законските одредби за недела неработен ден

/

пред 1721 дена

Сподели преку :

Стопанската комора на СМ ги оспори пред Уставен суд закоските одредби за прогласување на недела за неработен ден. „одредени членови од Закон за работни односи се спротивни на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните“, пишува во представката од Стопанската комора.

Како што објави Уставниот суд на Фејсбук во периодот од 10-ти до 14-ти јануари кај нив пристигнале три иницијативи, по кои се оформени три предмети.

Подносителот Иван Лотески од Охрид ги оспорува член 3 став 1 алинеја 3 , член 4 став 1 и 2, член 12 став 3, член 13 став 1, член 16 став 5, член 39 став 1 алинеја 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер објавен во „Службен весник на РСМ” бр.101/2019. Се оспоруваат одредби коишто се однесуваат на барател/и на информација, постапката за остварување на правото за слободен пристап до информации, содржината на барањето и дел од прекршочните одредби. Оспорените законски одредби според подносителот биле спротивни на темелните вредности на Уставот, начелото на еднаквост(член 9), гаранција на слободата и тајноста на писмата(член 17), гаранција и заштита на приватноста, личен и семеен живот, достоинство и углед(член 25), начело на уставност и законитост(член 51).

Потоа, Стопанска комора на Северна Македонија ги оспорува членовите 4,5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија објавен во „Службен весник на РСМ” 295/21. Се оспоруваат одредби кои се однесуваат на работното време, инспекцискиот надзор и прекршочни санкции. Според подносителот оспорените одредби биле во спротивност со слободата на пазарот и претприемништвото(член 8 алинеја 7), владеењето на правото(член 8 алинеја 3) и начелото на еднаквост(член 9) од Уставот.

И третиот предмет исто така е оформен по иницијатива поднесена од Стопанска комора на Северна Македонија, која го го оспорува Законот за изменување и дополнување на Закон за работни односи објавен во „Службен весник на РСМ” бр.288/21, како спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Оспорениот закон се однесува на уредување на работата во недела.