Своето десетгодишно постоење училиштето за театар „Од игра до претстава“, го одбележа со промоција на првата книга, која преку текст и илустрации презентира стотина практични игри за поттикнување на креативноста, емоционалните, интелектуалните и социјалните вештини кај децата.
Автори на практикумот се режисерот и театарски едукатор Игор Ивковиќ и актерката Афродита Кирјаковска.











