Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уште тројца од повредените во автобуската несреќа ќе бидат пренесени во земјава

/

пред 1770 дена

Сподели преку :

Уште тројца од повредените македонски патници во автобуската несреќа во Бугарија се очекува да пристигнат денеска, откако двајца во саботата беа хоспитализирани во Универзитетскиот Клинички Центар „Мајка Тереза” во Скопје.  Двајцата се стабилни, со полесни повреди и ќе бидат задржани на лекување на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Се очекува останките од телата на починатите да пристигнат оваа недела.

Хоспитализираните пациенти во Скопје се пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во автобуската несреќа што се случи на автопатот „Струма” во Република Бугарија при која преживеаја седуммина од вкупно 52 патници.

– Пациентите ќе бидат задржани на опсервација и согласно тоа колку време треба да останат, ќе бидат хоспитализирани, по што ќе се направи проценка да се испишат на натамошен домашен третман, изјави Филипче во саботата, кој додаде дека пристигнале колегите од психијатрија со цел да се даде и психолошка помош.