Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фајзер ги зголеми приходите за 134 проценти

/

пред 1799 дена

Сподели преку :

Американската фармацевтска компанија Фајзер денеска соопш ти дека нејзините приходи пораснале за 134 отсто на годишно ниво на 24,1 милијарди долари во третиот квартал од фискалната 2021 година.

Приходите од вакцините на компанијата беа 14,6 милијарди американски долари во третиот квартал, што е за 749 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, кога вакцината против Ковид-19, развиена заедно со германската компанија Бионтек, се уште не беше достапна.

Заработката по акција на Фајзер беше 1,42 долари, што е за 446 отсто повеќе од третиот квартал во 2020 година, додека нето приходот на компанијата се зголеми за 455 проценти на годишно ниво на 8,1 милијарди долари.