Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фејсбук прогласен за најлоша компанија во светот за 2021 година

/

пред 1749 дена

Сподели преку :

Технолошкиот гигант Фејсбук, неодамна преименуван во Мета е „најлошата компанија“ во светот за 2021. Ова е утврдено по гласањето на повеќе од 1.500 корисници на отворена анкета на Јаху Фајненс (Yahoo Finance).

Корпорацијата на Марк Закерберг доби над 50 отсто од гласовите за најлоша компанија во годината, а на второ место е кинескиот гигант на електронска трговија Алибаба.

Добивањето на придавката „најлоша“ за Фејсбук најмногу се должи на тоа што корисниците на таа социјална мрежа се жалат на цензура и проблемот со дезинформациите, посебно во однос на коронавирусот. Дел од корисниците ја критикуваа компанијата за „поткопување на глобалната демократија и придонес за растот промоција на крајнодесничарскиот екстремизам“. Многумина од целиот свет ја обвинуваат апликацијата за споделување фотографии на страниците на Инстаграм, кои според одредени истражувања, имаат штетно дејство врз менталното здравје на младите луѓе.

Сепак, речиси 30 отсто од испитаниците веруваат дека Фејсбук/Мета сè уште може да се спаси. Корисниците наведуваат дека најдобар начин за тоа е фирмата да ги признае грешките, јавно да се извини и да донира значителен дел од профитот на некоја фондација која се бори против онлајн насилство врз малолетници.