Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче во Топ Тема: Најризичен период за корона вирусот ќе биде јануари

/

пред 2196 дена

Сподели преку :

Најризичен период кој следува со корона вирусот е месец јануари, смета министерот за здравзтво Венко Филипче. Тој во вечерашната Топ Тема објаснува дека месец јануари е периодот кога ќе заврши циклусот од два месеца кога луѓето ќе бидат затворени, осносно ќе има интензивна комуникација во затворени простории.

Филипче објаснува и дека се планира ширење на стратегијата, во однос на тестирањето, со еден вид масовно тестирање, преку новите тестови кои ќе се набават. Тоа се брзи тестови за регистрирање на вирусот, не на антителата, кои би го детектирале вирусот за 15-тина минути. Истите ќе бидат распределени во сите болници, но и на граничните премини. Преку овие тестови, пациентите во болниците нема да чекаат долго за резултат од тестовите, туку истиот ќе го добијат за брзо време по што докторите ќе знаат како да постапуваат. Ќе бидат распределени во болниците и на граничните премини.

Филипче е категоричен дека полициски час нема да има на ниво на држава, без оглед на епидемиолошката слика. Можеби само во одредени општини или населби, но предупредува дека казни за неносење маска мора да има, бидејќи за него е неприфатливо да не се почитуваат мерките.