Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Централниот одбор на СДСМ ќе го потврди Ковачевски за претседател, а ќе се гласа се гласа и за избор на нови потпретседатели, генерален секретар и извршен одбор

/

пред 1741 дена

Сподели преку :

Седница на Централниот одбор на СДСМ ќе се одржи вечер со  почетокот во 19 часот во седиштето на партијата.

Како што информираат од прес-службата на СДСМ, седниците на Централниот одбор се работни. За заклучоците и одлуките на ЦО, ќе информираат по завршување на седницата за што медиумите ќе бидат дополнително информирани.

Се очекува на Централниот одбор на СДСМ новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски и официјално да биде потврден како кандидат за нов премиер. На седницата на ЦО треба да се гласа и за избор на нови потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ, но не и за министерските функции во новиот владин кабинет.

Седницата ќе се одржи со обезбедување на соодветни услови согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид – 19, додаваат од партијата.