Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шведска воведува нови ограничувања поради сојот омикрон

/

пред 1752 дена

Сподели преку :

Шведска постепено ги заострува ограничувањата поради сојот омикрон и од посетителите од другите нордиски земји од 21 декември ќе бара потврда за вакцинација против Ковид-19, соопшти денеска Владата.

Во Шведска изминатите денови забележан е раст на новозаболени со Ковид-19, иако бројката е многу помала од поголемиот дел од европските држави.

Шведската Влада на левиот центар предлага план на три нивоа како одговор на зголемувањето на бројот на заразени. Веќе се воведени голем број мерки и властите се подготвуваат да го прошират списокот со места за кои се потребни ковид сертификати, како на пример рестораните.

Претходно оваа недела, Норвешка ги заостри ограничувањата, во обид да го спречи ширењето на сојот омикрон во услови на рекордно ниво на инфекција и хоспитализација.

Данска, исто така, повторно воведе многу ограничувања, вклучувајќи го и затворањето на основните училишта пред Божиќ.