Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шест починати, 37 новозаразени од корона вирусот

/

пред 2217 дена

Сподели преку :

Шест луѓе починаа поради компликации од корона изминатото деноноќие. Сите починааа во болница, а станува збор за пациент од Гостивар 55 години, пациент од Крива Паланка 63 години, 73-годишен пациент од Скопје, 74- годишен Кичевчанец, пациент од Струга 79 години,  и 86-годишен пацинет.

Регистрирани се 37 нови заразени. Најмногу се во Гевгелија, каде се заразени 12 странски државјани, девет во Скопје, Прилеп-5, Тетово-3, Дебар, Гостивар,  Струмица, Радовиш, Кочани, Пробиштип, Делчево и Кратово по еден нов заразен. Новите случаи се откриени од 484 тестирања. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент.