Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шолц: Германија е подготвена да испрати дополнителни војници на Балтикот

/

пред 1700 дена

Сподели преку :

Германскиот канцелар Олаф Шолц   изјави дека е подготвен да испрати дополнителни војници во балтичките земји.

-Подготвени сме да направиме се што е потребно за да го зајакнеме германското присуство во операциите на НАТО во балтичките земји, изјави Шолц во интервју за АРД, пред да замине за Вашингтон, каде што ќе разговара со американскиот претседател Џозеф Бајден.

Германија ја предводи операцијата на НАТО во Литванија, каде се распоредени 500 нејзини војници.

На прашањето дали потребата од засилување може да се реши на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во средината на февруари, Шолц одговори: „Ние сме подготвени да донесеме одлука“.

Претходно министерката за одбрана Кристин Ламбрехт изјави дека Германија е подготвена да го зголеми своето присуство во Литванија.