Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓоковиќ ја доби битката за останување во Австралија

/

пред 1728 дена

Сподели преку :

Новак Ѓоковиќ ја доби битката за укинувањето на визита од страна на австралиската влада и веднаш е ослободен од имиграцискиот притвор.

Судијата Ентони Кели нареди да се укине одлуката на Владата за откажување на визата на Ѓоковиќ, велејќи дека таквата одлука „била неразумна“.

На австралиската влада и е наложено да ги плати сите трошоци на Ѓоковиќ.

Судијата Кели нареди Ѓоковиќ да биде ослободен од имиграцискиот притвор во рок од 30 минути од наредбата, која беше прочитана на отворен суд околу 17.15 часот по австралиско време.

Адвокатот на Ѓоковиќ претходно тврдеше дека тениската ѕвезда била ставена во неправеден и/или неразумен процес.