Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јанакиевски со полициска придружба и на штаки спроведен на суд- закажано рочиште за завршни зборови за „Топлик“

/

пред 1714 дена

Сподели преку :

Миле Јанакиевски обвинет во случајот „Топлик“ денеска на суд беше спроведен со полициска придружба, откако тоа на претходното рочиште го побара судијата Осман Шабани.

Изминатите рочишта за случајот „Топлик“ беа одложени од причина дека обвинетиот Јанакиевски, го скршил коленото.

Во случајот „Топлик“ кој го отвори СЈО пред пет години, Јанакиески се товари за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град” во Сопиште.

Адвокатот Еленко Миланов вели преседан е во ваква здравствена ситуација да се одобри рочиште и тој да биде спроведен.

Судот не ги прифати доказите на одбраната кои се понудени во текот на постапката, а содржат економски мислења и вештачење , барањето за геодетско супер-вештачење и 4 сведоци меѓу кои беа и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и некогашниот член на ДИК Сашо Срцев.

Судечкиот совет ги одби дополнителните предлози поради тоа што оцени дека од нив не произлегуваат нови околности во случајот.