Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јанкуловска од вечерва ја отслужува затворската казна во Идризово

/

пред 2196 дена

Сподели преку :

Одделот за потраги при МВР, попладнево постапил по упатниот акт од судот, и околу 17.30 ја привел поранешната министерка на МВР Гордана Јанкуловска од нејзиниот дом, потврдуваат за Телма полициски извори.

Претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, за Телма вели дека денеска ја добил конечната пресуда од Врховен по што пресудата и е врачена на Јанкуловска, а потоа таа е и спроведена во затворот во Идризово. Џолев вели дека не постои можност за одлагање на затворската казна бидејќи тоа веќе го сторила претходно заради детето кое тогаш немаше наполнето една година.

Јанкуловска е осудена на 4 години затвор за случајот Тенк, односно незаконската набавка на Мерцедесот од речиси 600 илјади евра за Никола Груевски.

Јанкулоска одговара за злоупотреба на службената положба и овластувањата зашто му наложила на помошникот-министер во МВР Ѓоко Поповски да го намести тендерот и со пари од буџетот на полицијата, да купи блиндиран мерцедес, не за полицијата, туку за тогашниот премиер Никола Груевски, по негова нарачка.

Ова е прв министер, од претходната Влада кој  заврши во затвор за предмет воден од специјанлото јавно обвинителство.