Какви се условите во македонските здравствени установи.
Вчера Телма информираше за супстандардните услови во охридската трансфузиологија.. но, и државна Кардиохирургија нема свои простории, ја дели болницата со клиниката за Кардиологија.
Директорот на Кардиохирургија Сашко Јовев, кој беше гостин на Утринска на Телма, кажа дека повеќе од 15 пати преку писма побарале од здравствените институции и од владата да им се обезбедат просторни услови. Но, се уште нема позитивен одговор.











