Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Џавид: Вакцините можеби не се ефикасни против новите мутации на коронаворусот

/

пред 1773 дена

Сподели преку :

Британскиот министер за здравство, Саџид Џавид, денеска изјави дека вакцините против Ковид-19 можеби се помалку ефикасни против ново идентификуваните варијанти на коронавирусот.

-Тоа што го знаеме е дека овде има значителен број мутации, можеби двојно повеќе од бројот на мутации што сме ги виделе во делта сојот, изјави Џавид, пренесен од британските медиуми.

Според британскиот министер, тоа укажува дека новите мутации може да се позаразни и дека сегашните вакцини со кои се располага можеби ќе бидат неефикасни.

Научниците предупредија дека нов вид на коронавирус, со „исклучително голем број“ мутации, може да предизвика нови бранови на болеста, заобиколувајќи ги одбрамбените механизми на телото.

Британски „Гардијан“ пренесува дека геномското секвенционирање во три држави потврдило 10 случаи на оваа нова варијанта на вирусот, што предизвика сериозна загриженост кај некои истражувачи, бидејќи бројните мутации можат да му овозможат на вирусот да го заобиколи имунитетот.

Варијантата Б.1.1.529 има 32 мутации во шилецот на протеинот, дел од вирусот што повеќето вакцини го користат за да го подготват имунолошкиот систем за борба против Ковид-19.

Оваа варијанта за прв пат е регистрирана во Боцвана, каде што беше потврдена со секвенционирање во три случаи, а уште шест случаи се потврдени во Јужноафриканската Република и еден случај во Хонг Конг, кај патник кој се враќал од Јужна Африка, пишува британскиот весник.