Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По четврти пат од почетокот на пандемијата, Македонија го пробива прагот од над дваесет илјади активни случаи во еден ден

/

пред 1708 дена

Сподели преку :

Бројот на активни случаи со Ковид-19 се искачи над 20.000, со денешните новодијагностицирани 1.254 случаи. И со тоа по четврти пат од почетокот на пандемијата, Македонија го пробива овој праг од над дваесет илјади активни случаи во еден ден – по периодот ноември декември 2020 и април 2021 година.

Рекордниот број на активни случаи претходно во еден ден бил регистриран на 05 декември 2020-тата година и изнесувал 22.538.

Најголем дел од новите случаи и натаму има во Скопје – 655, потоа следуваат  Битола – 87, Куманово – 55, Тетово и Кавадарци – по 46, Прилеп – 40, Велес – 33, Штип – 31, Струмица – 30, Гевгелија – 29… Од вкупниот број позитивни на Ковид 19 – 169 реинфекции.

Починале 21 лице, од кои  девет биле целосно вакцинирани, а кај 20 се регистрирани коморбидитети – соопшти Министерството за здравство.

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани сe 28 оздравени пациенти.