Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

10 луѓе застрелани во училиште за возрасни во Шведска – мотивот се уште непознат

/

пред 622 дена

Сподели преку :

Полициски автомобили и амбуланти возила го опколија училиштето за возрасни, откако 10 лица беа застрелани во градот Оребре во Шведска. Напаѓачот се верува дека е еден од загинатите, но се уште нема официјални податоци. Траорното пукање се случило денес попладне околу 12и30часот за време на полагање на државниот испит. Повредените се пренесени во болница, а сите училишта во околината се затворени.

Мотивот за пукањето се уште не е познат, домот на осомничениот е претресен, и се бара докази и причини за злосторот. Штетата од масовното пукање е огромна, истрагата е во тек, а полицијата се уште нема конкретни информации дали се работи само за еден сторител или има вмешаност на повеќе луѓе.

  • „Знаеме дека  околу 10 луѓе загинаа денеска. Зошто не можеме да прецизираме повеќе во моментот е затоа што штетата е голема. Нашите напори во моментов вклучуваат идентификување на починатите, следење на состојбата на повредените и спроведување на сеопфатна истрага. Се уште веруваме дека го имаме главниот напаѓач, иако не исклучуваме опција да биле вмешани повеќе луѓе. Тој не и е познат на полицијата од претходно и не е поврзан со ниту една група (банда). Врз основа на она што знаеме, веруваме дека дејствувал сам. Укажуваме дека ситуацијата може да се промени и дека ова се информациите што ги имаме сега“ изјави Роберт Еид Форест, началник на локална полиција во Оребро, Шведска.

Локалните жители на градот се исплашени и во паника, бидејќи вакви престрелки скоро никогаш и да не се случуваат во Шведска.

Сочуство до семејствата изрази и од шведскиот крал Карл Густав XVI, поради страшното злосторство во Оребро.

Училиштето каде се случи престрелката опслужува ученици над 20 години. Се нудат курсеви за основно и средно образование, како и часови по шведски јазик за имигранти, стручна обука и програми за лица со попреченост.

Насилството со оружје во училиштата е многу ретко во Шведска. Според властите ова се смета за еден од најтрагичните настани во историјата на земјата.

Tea Димковска