Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

1:0 за независните во уставниот натпревар против големите партии

/

пред 603 дена

Сподели преку :

Независните кандидати ја извојуваа првата битка против големите партии што се водеше во Уставниот суд. Судиите одлучија да ја оценуваат уставноста на членовите на Изборниот законик што големите партии, минатата пролет здружено ги донесоа во скратена постапка и без јавна расправа и им го зголемија потребниот број на потписи за поднесување на независни кандидатури.  Ова, според претседателот на судот, е важна одлука и од друг аспект.

Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста на измените на Изборниот законик како од неговата формална, така и од материјалната страна. Се нагласува дека, од аспект на две темелни вредности, владеењето на правото и политичкиот плурализам, повреда на принцип на еднаквост на граѓаните како и од аспект на членовите 22 и 23 кои го уредуваат еднаквоста на избирачкото право и пристапот на граѓаните, секој има право да извршува јавна функција.

Се очекува, со оваа одлука да се стави крај на постојаното носење на закони со европско знаменце, со скратена постапка, без претходни консултации и јавна расправа. Шесте граѓански организации кои побараа оценка на уставноста реагираа дека овие измени се токму таков, вешто спакуван случај.

Судот смета и дека,  со изменетите членови со кои се предвидуваат потписи од 1 процент од гласачкото тело, за да се поднесе независна кандидатура, граѓаните се ставаат во нееднаква положба со партиите,  имајќи предвид дека секоја партија која е регистрирана со 1000 гласачи може да поднесе листи со кандидати.

Седницата за оценување на уставноста ќе биде дополнително закажана, а доколку резултатот биде ист со денешното гласање, на следните локални избори ќе се оди по старите изборни правила.

Далиборка Демјанска