Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

10 загинати и 39 ранети во верижна сообраќајна несреќа на автопат во Јужна Турција

/

пред 878 дена

Сподели преку :

Најмалку 10 лица загинаа, а 39 лица се ранети  во верижна сообраќајна несреќа во која учествуваа четири возила на автопат во јужна Турција вчера, соопштија тамошните власти.

Несреќата се случила на автопатот Мерсин-Адана во областа Тарсус во провинцијата Мерсин.

„За жал, загубивме животи. Според првичните сознанија, за жал, имаме десет загинати и 39 повредени лица“, изјави гувернерот на Мерсин Хамза.

Во тек е интензивно расчистување на случајот и пронаоѓање на главните причини за истиот.