Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

11-годишни деца пријавени за кривични дела – расте малолетничката деликвенција во Тетовско

/

пред 1060 дена

Сподели преку :

Разни зависности, кражби, насилство, па сѐ до учество во проституција, ова се девијантните појави во општина Тетово кои беа посочени на првата активност на новоформираниот Совет за превенција на детско претстапништво, на која се разви плодна дебата заедно со претставниците на училиштата.

Состојбата со малолетничката деликвенција е алармантна, што всушност го покажуваат и статистиките на надлежните институции.

  • Имаме и деца кои се помлади од 14 годишна возраст, почнувајќи од 11-годишна возраст, ги гледаме во овие евиденции како пријавени или осомничени за разни кривични дела. Почнувајќи од тие против имотот, особено голем број има кај тешките кражби, голем број се во јавниот ред односно насилството. Да не заборавиме и кривичните дела против здравјето на луѓето, изјави  Блерта Ахмеди, претседателка на Совет за превенција на детско престапништво. 

Психолозите посочуваат дека во превенцијата освен семејството, клучна улога играат и училиштата.

  • Родителите што прават во семејниот дел. Наставниците, психолозите, директорите , што прават во нивниот дел. Колку внимаваат што се случува наоколу и првично реагираат“, вели Билјана Радическа, психолог / член на Совет за превенција на детско претстапништво

Училиштата, пак, се жалат дека немаат доволно кадар и институционална соработка.

  • Еден психолог е малку за 1 000 и нешто ученици, треба и Министерство да размислува за да ги засили службите во училиштата“, смета Сихана Каба Касами, директорка на ОУ „Кирил и Методиј“

17-те члена на тетовскиот Совет за превенција согласно проблемите кои беа изнесени ќе треба да изготват програма за работа на терен. Ваков совет досега постоеше само на хартија.

Данијела Билбилоска