Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

13 функционери не доставиле анкетни листови за имотната состојба

/

пред 2157 дена

Сподели преку :

Актуелни и поранешни министри , заменици дополнителни заменици се најдоа на дневен ред на денешната седница на Антикорупциска. Што поседуваат на нивно име , дали и колку станови куќи и автомоболи имаат тие или челнови на семјеството актуелната министерка за култура Ирена Стефоска и и вицепремиерот за економски прашања Битиќи е непознато ,оти  не поднеле анкетни листови откако седнаа во во владина фотеља.  Претседателката на ДКСК Ивановска, посочи дека рокот за поднесување е 30 дена и се дадени во натамошна постапка за издавање платни налози.

А, анкетни листови нза избор и за престанок на функција и изјава за судир на интереси не поднеле министерот за одбрана Беким Масути, заменикот министер за надворешни работи Андреј Жерновски, заменик министер за земјоделство и шумарство Благе Цветковиќ и заменик министерот за здраство Арменд Арслани. Исто така нема анкетни листови ниту за дел на функционерите кои беа дел од техничката влада.

Оттаму информираа и дека се проверени членовите кои беа избрани во владиниот состав во 2017 –та , членовите на техничкиот владин кабинет избрани мај годинава , како и актуелните министри и владини соработници избрани во август годинава.

Теодора Цветковска