15 годишно момче во два инциденти употребило нож и избол две малолетни жртви. Обвинителството отвори подготвителна постапка против дете во судир со законот за кривично дело насилство. За малолетникот е побаран и притвор.
На 25 октомври, осомниченото дете заедно со други непознати лица, започнале разговор со малолетник,и набрзо почнале да го удираат. На крај осомничениот малолетник извадил нож и ја прободел жртвата во натколеницата.
Три недели подоцна во автобус на ЈСП Скопје, осомничениот во група извршил нанел телесни повреди со убоди со нож во главата на свој врсник. На тој начин и меѓу останатите патници предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
Откако е пронајден Обвинителството отворило постапка.











