Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

150 евра казна и депортација на македонски возач од Германија – останал три дена повеќе од дозволеното во Шенген зоната

/

пред 236 дена

Сподели преку :

Денес на пристаништето Росток – Германија контролиран е македонски возач кај кој е утврдено надминување на 3 дена од дозволените 90 во 180, објави на својата Фајсбук страница Асоцијацијата на превозници Макам-транс.

  • За истото изречена им е парична казна од 150 евра и побарано е потврдна резервација за авион со кој доброволно ќе ја напушти Германија, а возилото кое е товарено ќе се предаде на друг возач од истото превозно трговско друштво да ја продолжи превозната операција. При напуштање на Германија на возачот ќе му биде издаден документ на кој ќе е наведено кога повторно ќе му биде дозволен влез во Шенген зоната, стои во објавата.
Од Макам-транс велат дека колеги од регионот им напоменуваат дека по сега важечките прописи за престој, доколку по втор пат при контрола се фати истиот возач за надминување на деновите, можно е изрекување на забрана од 5 години за влез во Шенген зоната.

Потенцираат дека согласно искуството од регионот се препорачува избегнување на пристаништето Росток и Салзбург како места на кои најчесто се врши контрола.

Од Макам-транс најавуваат подетални информации по состанокот на работната група во Европска комисија во врска со донесување конкретни решенија во врска со шенген правилата за продолжен престој на професионалните возачи 90 во 180 дена.

Странските инвеститори да излобираат олеснување за балканските камионџии во Шенген

До сите превозници упатуваат апел да внимаваат и да ги проверуваат деновите за престој на возачите во Шенген зоната, и доколку повеќе од 90 дена или мал број денови за да ја завршат превозната операција да не ги пуштаат на пат.
За време на протестите на крајот на минатиот месец камионџиите се надеваат дека странските инвеститори од ЕУ, кои во земјите од Западниот Балкан досега имаат инвестирано десетици милијарди евра, ќе може да излобираат во нивните матични земји промена на правилата за престој на транспортерите од регионот во Шенген-зоната. Во спротивно, рекоа дека се заканува крах на транспортната индустрија во регионот, но и сериозни проблеми во целата економија.
Б.С.