Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

/

пред 243 дена

Сподели преку :

Во Македонија денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионер и борец за слобода, кој пред повеќе од еден век ја организирал македонската револуционерна борба и ја ширел идејата за културен натпревар на народите.

Централното чествување се одржува во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде цвеќе положуваат премиерот, делегации од Собранието, Град Скопје, институции, партии и граѓански здруженија, оддавајќи почит на делото и наследството на Делчев.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, се школувал во Солун и Софија, и како член на ТМОРО организирал комитски чети и револуционерни структури.

Тој беше убиен на 4 мај 1903 година во селото Баница, а неговиоте останки од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје.